Викиликс објавува околу 4800 документот за Франсоа Фијон и Марин Ле Пен, кои се борат за претседателската функција во Франција. Архивираните документи за Франсоа Фијон се 3630 различни фајлови, додека бројот на материјалите поврзани со Ле Пен, се 1138 парчиња.

И двајцата неодамна беа вмешани во скандали поврзани со фиктивни плаќања. Весникот “Канарија аншене” објавува новинарска истрага во која се наведува дека Пенелопе Фијон во текот на неколку години се водела парламентарен помошник на својот сопруг Франсоа Фијон од 1998 до 2007 година и од 2012 до 2013 година, но без да извршува никакви конкретни обврски. Според весникот, во тоа време таа добила 900 илјади евра.
Лидерот на партијата “Национален фронт” Марин Ле Пен, пак, е обвинета дека фиктивно ангажирала шефот на партискиот кабинет, Кетрин Гризе и телохранителот Тиери Леже како свои помошници во Европскиот парламент. На Гризе и се исплатени 299 000 евра, а на Леже 41 500 евра.