Вечната дилема: Колку кафе може да пиеме во текот на денот

од Vladimir Zorba
253 прегледи

 

Американски научници од клиниката “Мајо”, по извршено истражување објавија дека безбедна доза на кофеин којашто може да се консумира во еден ден е 400 милиграми, пишува “Сандеј Мирор”, цитиран од БТА.

За споредба, стандардно кафе содржи помеѓу 90 и 120 милиграми кофеин. Но, посетителите на кафулињата на синџирот “Старбакс” кафињата што ги пиеле содржеле 260 милиграми кофеин, па значи треба да се биде внимателен да не се претера со кофеин. Сигурно ќе Ве изненадени податокот дека еден енергетски пијалок “Ред Бул” содржи 80 милиграми кофеин. Ова е помалку од кафе.
Во една шолја црн чај има 67 милиграми кофеин. Тоа е помалку од една чаша кафе, но и тоа количеството не треба да се потценува.
Една лименка на Кока-Кола содржи 34 грама кофеин. А што се однесува до капучино не треба да пиете повеќе од четири чаши за да не го надминете лимитот на кофеин. Во една чаша млеко со кафе се содржат 71 милиграми кофеин.
Значи, може да уживате во омилените пијалаци, но без претерување.