Туск откри кои се заканите пред Европа

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Тоа се Русија, Кина и САД, категоричен е претседателот на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Кина, Русија и новата американска администрација на Доналд Трамп се меѓу главните надворешни закани за блокот, пренесува Voice of America.
“Особено промената во Вашингтон ја става Европската унија во тешка ситуација, бидејќи новата администрација изгледа ги става под прашање последните 70 година од американската надворешна политика”, истакна Туск.

“Мора да стане јасно дека дезинтеграција на ЕУ нема да доведе до обновување на некаков митски целосен суверенитет на земјите членки, а ќе доведе до нивната реална и фактичка зависност од големите сили: САД, Русија и Кина. Само заедно можеме да бидеме целосно независни “, додаде Туск.