5 утрински ритуали за успешен и енергичен ден

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Утрата се многу важен дел од денот. На секој му се случило да се успие и да му се наметне брзо да помине низ целиот утрински ритуал, за да пристигне навреме на работа, каде го очекуваат секојдневните обврски.

Сето ова доведува до стрес уште во самиот почеток на денот и силен замор и исцрпеност на крајот.

Овој маѓепсан круг може да се наруши, ако се разбудиме половина час порано и ги исполниме овие едноставни нешта …

Да ја пропуштиме проверката на телефонот наутро

Честа навика е, со исклучувањето на алармот наутро, прво да ги провериме известувањата. Дури и пред да сме се разбудиле целосно, веќе сме зафатени со социјалните мрежи. Наместо да губиме драгоцени минути во самиот почеток на денот, подобро да ја оставиме оваа задача за малку подоцна.

Чаша топла вода наутро

Добро е да ја претвориме во секојдневие консумацијата на чаша топла вода наутро на празен стомак. На овој начин се олеснува ублажувањето на цревата, а заедно со тоа се хидрира и организмот. За чистење на токсините, кон пијалaкот може да се додадат и неколку капки сок од лимон.

Појадокот не треба да се занемарува

Многу е важно да каснеме нешто, пред да излеземе од дома наутро. Всушност, тоа треба да стане главен приоритет. Дури и да немаме многу време, сепак е добро да каснеме некое овошје или да испиеме чаша сок од портокал. За брз појадок можеме да свариме две јајца или да приготвиме  овес.

Листата на работите кои ќе ги завршиме во текот на денот, исто така, е од корист

Додека чекаме појадокот да е подготвен, можеме да нафрлиме на еден лист она што се очекува да го завршиме во текот на денот. На овој начин го организираме умот и подготвуваме план за денот, или барем нацрт, што ни ја помага продуктивноста.

Да не ја потценуваме силата на пријатната музика

Најсреќниот ефект на омилената песна не доцни – уште со нејзиниот почеток се чувствуваме полни со енергија и сме повнимателни. Одлична идеја е да подготвите плејлиста со вашите омилени песни, кои ќе ги слушаме додека доручкуваме, миеме заби или патуваме кон работа.