Музејот и околината околу него биле евакуирани. Затворена е и најблиската метро станица. Сепак портпаролката на Лувр изјави дека “музејот е затворен за малку”. Очевидци на “Твитер” соопштуваат дека на туристите им е наредено да седнат на подовите на салите и да останат смирени.

Сеуште не е јасно каква  е состојбата на жртвата и што имало во актовката.

Во моментов местото е полно со полиција, а  командосите се опремени со панцири. Сеуште не се прецизира дали станува збор за терористички напад.