(ВИДЕО+ФОТО ОД УПАСЕНИОТ НАПАЃАЧ) Уште еден човек е упасен поради нападот во Лувр – „Алах е голем“ извикувал гласно напаѓачот

од desk2
79 прегледи

Уапсен уште еден човек поради нападот во Лувр.

Министерот за внатрешни работи на земјата, Пјер Хенри Брандет соопшти дека по нападот врз Лувр е уапсен уште еден  човек, но се уште не е јасно дали тој е вмешан во нападот.

Според зборовите на министерот околу 1.000 луѓе биле во зградата за време на нападот, но тие биле на безбедно место.
Инаку, како што веќе јавноста е запознаеа француски војник пукаше  во маж, кој бил вооружен со нож или мачета и притоа носел ранец, обидувајќи се да се пробие да влезе во продавница во Лувр. Напаѓачот бил застрелан 5 пати, односно е ранет во ногата и во стомакот.

Напаѓачот носел 2 ранци полни со ножеви и 2 мачети. Тој се обидел да влезе во продавницата на музејот, кога нападнал војникот и бил застрелан. Не се пронајдени експлозивни направи во ранците.

Подоцна францускиот премиер Бернард Казньов изјави дека нападот во Лувр е чист терористички акт. Според првичните информации напаѓачот во извикува “Алах Акбар!”. Пред да биде застрелан 5 пати. Ранет е и францускиот војник.
Во исто време од обвинителството во Париз објавија дека е започната истрага за обид за убиство поврзано со тероризам.

Нападот се случи околу 10 часот наутро, на скалите во подземниот трговски центар кај „Лувр“, во близина на музејот, кога вооружениот напаѓач потрчал кон војникот и заканувајќи му се со мачетата, извикал „Алаху акбар“.

Еден војник добил полесни повреди, а друг истрелал пет куршуми во напаѓачот, погодувајќи го во нозете и во стомакот.

Министерството за внатрешни работи веднаш објави тревога и оцени дека инцидентот претставува „сериозно загрозување на безбедноста“.

Туристите кои се затекле во „Лувр“, пред евакуацијата добиле наредба да се соберат во ходниците и да седнат на под додека опасноста не помине, а сите врати од музејот биле заклучени.

На социјалните мрежи некои велат дека полицијата ги претресувала и нивните торби.

Во Париз од ноември 2015 година, поради серијата терористички напади, е зголемено нивото на безбедност.