Во златните години грчкиот весник “Вима” беше на “ти” со политичката елита во земјата, при што ги воздигна политичарите и премиерите, по изборите. Денес најтиражното атинско издание е на пат да се сруши, пишува Јанис Пападимитриу за “Дојче веле”.

Ангелос Ковајос нема намера да се предаде. Заедно со колегите тој се уште продолжува да пишува за неделниот весник “Вима”, иако не добива пари.
Новинарите сакаат весникот да продолжува да излегува, иако весникот изгледа се потенок, а уредниците веќе шест месеци не добиле плата. “Додека има печатарска хартија ќе продолжиме да работиме. Не можам да кажам уште колку ќе издржиме”, вели Ковајос.
Грчките новинари, сепак не можат да се потпрат на некаква поддршка од страна на раководството. Токму издавачот Ставрос Психарис беше оној кој го прогласи банкрот на најпрофитабилното издание “Вима” и на најтиражниот атински весник “Та Неа”.
Соопштението беше проследено со гневен коментар насловен: “Кој ги задушува медиумите?”. Медиумскиот магнат ги обвини доверителите левата грчка влада и не на последно место опозицијата за банкрот на медиумската група. Меѓу редови можеше да се дешифрира и обвинителството дека е недозволиво да се остави да банкротира најголемата медиумска империја во земјата. Ништо не бепе посочено сека нејзините обврски изнесуваат околу 240 милиони евра.
Предводник на медиумската империја DOL – весник “Вима” е основан во 1922 година во Атина како противтежа на тогашниот патриотски-конзервативна печат. Новинарите од весникот често пати се изразувале со симпатии кон левоориентираните политички сили – пример на кланот на Папандреу, кој и даде на Грција тројца премиери во последните 50 години.
Новинарите од “Вима” сепак одржуваа нормални контакти и со конзервативецот Константинос Караманлис, кој владееше во 1970-тите години, како и со внук му Костас, кој беше на власт во турбулентните години пред да експлодира должничката криза.
Блиските контакти со политичарите и постојаните политички кардии на уредничката политика и донесоа на “Вима” слава на издание, кое може да “соблекува и именува” политичари според нивните лични преференци. Само со сегашниот левоориентиран премиер Алексис Ципрас весникот така и не успеа да најде заеднички јазик.
Кога се уште имаше доволно пари
Во декември 1989 година, тогашниот директор и денешен издавач Ставрос Психарис со самодоверба изјави дека “Вима” има вистинска власт:
“Нашиот весник се чита од над половина милион луѓе, кои спаѓаат во издигнатиот дел од нашето општество. Власта на еден весник се неговите читатели”, изјави тој своевремено. Тоа беа и златните времиња за медиумската група DOL.Тиражот и приходите од реклами беа големи, банките беа дарежливи со кредити и концернот стекна удели во најголемиот телевизиски канал MEGА Channel, кој излезе на берзата во 1994 година.
Во исто време медиумскиот концерн продолжи да се прошири и онлајн-изданието, но не успеваше да ги контролира трошоците, тврди Стаматис Николополус, шеф на новинарскиот синдикат ЕSIEA.
“Како што раководството, така и финансирањето односно банки немаат право да тврдат дека не носат одговорност за сегашната состојба на медиумската група. Цело време немаше никаква убедлив концепт за иднината, а само отпуштаа”, тврди Николополус. Во 2009 година во медиумската група DOL работеа 1.600 лица. Денес се останати само 550.
Ќе го следат ли и други банкротот?
Ангелос Ковајос смета дека требало да бидат намалени административни трошоци или да бидат навремено затворени оние изданија на медиумската група, кои носеле само загуба. Тој се сомнева дека Управниот одбор сигурно сакал да направи “голем удар”, но така и не успеал да се справи со оваа задача.
Барањето било на пример соработка со странски изданија – како да речеме германската медиумска група ВАЦ во 2003 година. Овој потег сепак така и не доведува до никаков позитивен резултат. Исто како и создавање на “стратешки сојуз” со шпанскиот медиумски концерн Prisa во 2009 година.
Читателите реагираа позитивно на овој факт, но тиражот на весникот продолжи да се намалува. Во 2016 година “Вима” се продаваше не повеќе од 65.000 примероци дневно, а весникот “Та Неа” падна до 15.000 парчиња. На сето ова се додаде и падот на рекламниот пазар како резултат на економската криза. Тогаш сите грчки медиумски концерни регистрираа загуби од околу 30%.
Ангелос Ковајос смета дека распадот на моќната медиумска група сигурно ќе предизвика домино ефект во медиумските кругови на Грција. “Уште отсега слушаме за кратенки на плати и во други весници. А актуелните економски прогнози не предвестуваат ништо добро”, заклучува тој.