Министерот на ДУИ ги вратил кадрите на ВМРО ДПМНЕ од сменетите позиции во МВР
-Сè се врати како што беше порано. Лицата кои беа именувани врз основа на оваа квота не се веќе на старите позиции. Значи состојбата е иста како што беше пред Пржинскиот договор -изјави Нухиу за ТВ 21.
Министерот Нухиу вели дека чекорот го презел врз основа на своја проценка и со цел – МВР да функционира нормално и да се гарантира безбедноста на граѓаните на Македонија.
Неговиот претходник, екс-министерот Спасовски не сакаше да ги коментира кадровските промени во МВР.
Актуелниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу ги вратил на старите позиции 11 раководители во МВР, кое пржинскиот министер Оливер Спасовски ги разреши.