Поголемиот дел од Хималаите се наоѓаат на територијата на Непал. Планинскиот масив е распореден во пет земји – Непал, Бутан, Индија, Кина и Пакистан. Во планинскиот северен дел на Непал се и осум од десетте највисоки врвови во светот, вклучувајќи ја и највисоката точка на Земјата, Монт Еверест.
Знаете ли дека Непал никогаш не бил под странска инвазија и не бил колонизиран? Тоа е најстарата држава во Јужна Азија.
Непал или поточно Лумбини е родното место на Сидарта Гаутама ( Буда ). Лумбини е свето место за будистите.
Знаете ли дека… во Италија да му кажете на маж дека нема јајца е престап?
Во Непал има над 80 етнички групи и се зборуваат 123 јазици. Сепак, таму не се случуваат верски или етнички немири.
Знаете ли дека Непал е единствената држава чии знаме не е во правоаголна форма? Тоа отсликува две триаголни форми, наредени една врз друга. Во горниот триаголник е прикажана месечината, а во долниот сонцето.
Дизајнот на знамето е на повеќе од 2000 години.
Жителите на Непал не се поздравуваат преку ракување. Ги собираат дланките пред челото, се наведнуваат и велат “Namaste”, што буквално значи “го поздравувам Бога во тебе”.

Непал е едно од ретките места на Земјата, каде што може да се види како бенгалски тигар, така и еднорог носорог.
Националното животно на Непал е кравата. Таму законот го забранува масакрот на ова свето животно и многу често по улиците можат да бидат видени рашетани крави.
Непал има најгуста концентрација на светското културно наследство. Во главниот град Катманду има седум културни локалитети во радиус од 15 километри, кои се признати од УНЕСКО.
Непал е единствената земја во која надморската височина се движи од 70 до 8.848 метри.
Земјата се гордее и со најекстремните места на Земјата , како највисокото Езеро (Tilicho 4800 метри), најдлабоките клисури (1200 м), највисоката долина на земјата (долината Арун).
Знаете ли дека во Непал има повеќе од 360 вида орхидеи, што претставува над 2% од орхидеја во светот?
Непал е дом на 5980 вида цветни растенија и има најголема концентрација на бенгалски тигар во светот по Индија и Бангладеш.
Некои од најголемите диви пчели се откриени во Непал.
Исто така во оваа прекрасна земја има околу 870 видови птици, кои можеби се повеќе отколку на целиот континент Европа и Северна Африка, земени заедно.