Коалицијата СДСМ- ДУИ, не е прашањето дали, туку КОГА!

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Вчерашниот беше и ден  за внатрепартиски консултации во СДСМ и во ДУИ. На партиското членство им се пренесени  деталите од последниот  состанок на двете партиски делегации. 

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекерниска во изјавата по средбата рече дека двете партии се далеку од конкретни дискусии по специфични политички прашања и од поделба на ресори,  смета дека во овој момент тоа се најмалку важни прашања. Битно е да се најде начин како да се излезе од политичката криза а Македонија да добие функционална Влада.

Партиски извори велат дека СДСМ имале конкретен предлог, прво да се договори парламентрано мнозинство и да се соберат 61 потпис за да се добие мандатот од Иванов, а потоа да се премине на разговори за идната Влада.

ДУИ ги изнела своите позиции во конструктивна атмосфера. Според потпретседателката на партијата, Теута Арифи нивните рамки се познати, интеграција во ЕУ и НАТО, продолжување на мандатот на СЈО и прашањата поврзани со имплементација на Охридскиот договор.

ЕУ БАРА ШИРОКА ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКАТА АГЕНДА, СО ДРУГИ ЗБОРОВИ ШИРОКА КОАЛИЦИЈА ВО НОВАТА ВЛАДА!

СДСМ во однос на своите ставови имаше усогласувања и средба со БЕСА и нема сознанија за што се усогласувало. Имаше партиски шпекулации дека тие биле заинтересирани за позицијата претседател на парламент, иако според сите сознанија таа позиција ја добива нанјверојатно Талад Џафери од ДУИ, во сите комбинации.

Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби во емисијата 200, колку за оддржување на тензијата, изјави дека ако СДСМ ја прифаќа заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција.

Портпаролот Петре Шилегов,  во насока на преговорите само изјави дека  ја очекуваат посетата на еврокомесарот Хан да ја потврди изборната волја за промени.

Од ВМРО­ ДПМНЕ и натаму продолжуваат со заканувачкиот вокабулар па во своето соопштението објавено по средбата меѓу Никола Груевски и амбасадорката на ОБСЕ, Нина Соумалаинен,  порачуваат дека партиите кои ќе формираат влада без ВМРО ­ДПМНЕ мора да ја преземат одговорноста за проблемите кои ќе произлезат. Во соопштение се наведува дека принципот победник со победник не може да се примени според потребата. ВМРО­ ДПМНЕ отако свати дека отпадна од игра сега сугерира единствен излез – нови избори , а за да се избегнле  трошоците, новите избори да се одржале заедно со локалните.

Опозиционата СДСМ не мисли така , барем не за нови избори додека не се формира нова влада, и изборите  опозцијата ги остава најверојатно  за од септември, и никао заедно со локалните избори

Преговорите меѓу СДСМ и ДУИ траат. Неизвесно е дали се ќе заврши до четврток, но не е исклучено се да се поклопи со присуството на еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, во зависност се разбира од флексибилноста на неговата понуда. Секако и тој не случајно е тука. Очекувањата од него се дека тој би можел повторно да лобира  за Никола Груевски и за широка влада , во која би се направило напор некако да се придодаде и ВМРО ДПМНЕ, но може да биде и само аминување на Брисел на новата влада на СДСМ и ДУИ.

Партиите се подготвени  за средби со Јоханес Хан кои треба да се одржат на маргините на министерскиот состанок посветен на енергетиката.

Најголемите очекувања деновиве се сепак да се добие нова влада а со тоа и потврда дека на изборите на 11 декември граѓаните гласале за промени.

Ад