Поранешниот претседател на САД Барак Обама најверојатно се развел со сопругата Мишел Обама, пишува Нешнал Инкуаер.

Американскиот таблоид го коментира видеото од одморот на 44-тиот домаќин на Белата куќа од Девствените острови. Политичарот се натпреварува со милијардерот Ричард Бренсон во вештините за управување со бродот во одморалиштето кое се наоѓа на брегот на Карипско Море.
Во исто време, сепак, на клипот од првиот одмор на поранешниот шеф на државата по неговото заминување од функцијата не се гледа поранешната прва дама.
“Веројатно двојката се разделила”, коментира весникот, налевајќи масло на огнот на шпекулациите.
Кадрите со Обама и Бренсон ја запалија дискусијата на интернетот. Критичари на поранешниот претседател го обвинуваат дека тој се одмора, додека светот се тресе. Има, меѓутоа, и луѓе што го штитат 44-тиот претседател на САД.
“Господине Обама заврши многу работа за осумте години во Вашингтон и има право да се одмараат”, пишува корисник на Twitter, информира РИА Новости.