Базен во Шуто Оризари во кој жителите ќе се учат да нуркаат, да играат ватерполо, синхроно пливање и скокови во вода. Ова е најновата идеја на Агенцијата за млади и спорт за општината Шуто Оризари, согласно програмата за Владата на Република Македонија за развој на спортот која чини близу 700.000 евра, информира а1он.мк
![]()
Во објавената тендерска документација за изградба на базенот единствен критериум за добивање на тендерот е најниската цена. Оваа мерка доаѓа по субвенциониите за бесплатно скијање на пензионерите.
-Проектираниот базен ќе ги задоволи сите потреби на општината и пошироко за обука на непливачи, тренинг на пливачи, ватерполисти, синхроно пливање и скокови во вода, натпревари во пливање, ватерполо и тоа на локално, национално и меѓународно ниво, учење на основите на нуркањето, одржување на манифестации од национален и меѓународен ранг со присуство на мал број на гледачи, се наведува во техничките спецификации од тендерската документација.
Агенцијата признава дека нема доволно вложено во спортовите на вода и дека опаѓа бројот на квалитетни пливачи од меѓународен карактер, па смета дека приоритет во моментов е изучување на овие водни спортови.
Целиот текст може да се прочита тука