Во нашиот случај, за жал зборуваме за ситуација во која што судијата на претходна постапка не е во можност да издаде налог за претрес на дом на поранешен министер, а камо ли да му каже на некој моќник “Извинете, ама не сте во право”.

Заради отсуството на таа важна и бесценета независност на судството, во која, повторно, нашите стратешки партнери, очигледно залудно инвестирале големи пари во обуки и во размена на искуство, имаме случаи во кои поранешната министерка за внатрешни работи излегува целата насмеана од просториите на СЈО и бесрамно тврди дека таа институција е партизирана, политизирана и некредибилна, само заради фактот што се дрзнала да ја истражува нејзината улога во времето кога била на чело на МВРО-ВМРО.
Само човек кој е целосно убеден во потполната зависност на судството од партијата на која таа самата припаѓа, само човек кој има стопроцентна верба во судиите што самата ги поставила од своето тефтерче може да излезе со таква дрска и бескрупулозна изјава за работи кои сите ги слушнале со свои уши. Само во таков систем на потполна зависност на судството, обвинетите партиски челници може да се закануваат со немири ако не успеат да формираат влада со единствена цел да продолжат со нивниот досегашен начин на владеење. Бидејќи во местата во кои независноста на судството функционира, таквите лица завршуваат како Никсон, кој иако успеа некако да го разреши специјалниот обвинител Кокс, не успеа да му побегне на одговорноста, и соочен со реалната можност за импичмент, тој самиот си дал оставка а неговиот случај и ден денес се памти во историјата и останува пример за функционирањето на тој важен “checks and balances” систем без кој демократијата и владеењето на правото стануваат едноставно невозможни.
…
Колумната на Беса Арифи, вонредна професорка на Универзитетот на Југо-Источна Европа во целост прочитајте ја тука