-4 Крушево, -3 Маврово, -2 Кр. Паланка, -1 Берово, Куманово…

од Vladimir Zorba
83 прегледи

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).

24 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Крушево, -3 Маврово, -2 Тополчани, Кр. Паланка, Ѓуриште, -1 Пожаране, Берово, Куманово, 0 Штип, Претор, Виница, 1 Прилеп, Дебар, 2 Дојран, Битола, Скопје Петровец, Струмица, Скопје, Охрид, Тетово, 3 Гевгелија, Д. Капија.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Претежно облачно во најголем дел со ниска облачност. Најчесто во Повардарието дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди почести попладне. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Во северните делови ветерот ќе биде североисточен и повремено со умерен интензитет. Температурата во интервал од 4 до 8 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди почести попладне. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Температурата до 6 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До  понеделник ќе се задржи променливо облачно време. Од вторник облачноста ќе се намали и ќе преовладува претежно сончево време и дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури ќе опаѓаат, а најстудено ќе биде наутро во вторник и среда, а потоа утринските температури ќе се во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува северен ветер кој во среда вдолж Повардарието повремено ќе засилува.