Секој миг може да пукне највисоката брана во САД

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Итна евакуација е прогласена поради уништувањето на највисоката брана во САД во градот Оровил и заканата од нејзино уривање .

Водата може да се пробие за секој час, соопшти шерифот на округот Бате. “Издаден е налог за итна евакуација од  ниското ниво на  територија на Оровил и териториите низводно”, се вели во пораката.

Според шерифот ерозијата на итнотопретекување може да доведе до “неконтролирано испуштање на водата од езерото Оровил”. Волуменот на водата во езерото се проценува на над 4,3 милијарди кубни метри. Уште сега, за да не се дозволи уривање на ѕидот, испуштањето на вода е зголемена до 2,8 кубни метри во минута. Претходно беше оштетен главниот одовод за празнење. Резервното празнење може да се уништи за околу еден час, што ќе доведе до истурање на неконтролирано количество вода од езерото Оровил во северниот дел на Калифорнија .

Во Оровил живеат околу 16 илјади лица, кои треба да се упатат кон градот Чико, сместен северно од Оровил, и кон други градови. Водата почна да тече низ резервните одоводи  во саботата по поројните дождови. Според властите, процесот ќе продолжи и во наредниот ден. Покрај тоа водата почна да прелива и има пукнатини . Властите ќе започнат да ја проценуваат штетата во понеделник, откако ќе заврши евакуацијата / ТАСС