Студија со 430.000 учесници покажа колку кафиња на ден спасуваат од цироза

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Пиењето повеќе кафе може да помогне за намалување на ризикот од сериозни оштетувања на црниот дроб, кои често завршуваат фатално. Ова го покажува анализата на научни истражувања, во кои се зафатија вкупно повеќе од 430 илјади учесници.

Цирозата на црниот дроб е болест која е потенцијално смртоносна и за што во моментот нема дефинитивно лекување. Два факта даваат посебна вредност на новата студија: може да се намали ризикот за црниот дроб и тоа преку евтин масовен пијалок кој добро се поднесува од повеќето луѓе.

Цироза убива повеќе од 1 милион луѓе секоја година во светот. Многу грубо кажано, тоа е стврднување на ткивото на црниот дроб, што не му дозволува да ја врши својата работа. До “бетонирање” на органот може да дојде како резултат на инфекција со хепатитни вируси, од прекумерна конзумација на алкохол, поради имуни реакции или маснотија на црниот дроб, што е поврзано со прекумерна тежина и дијабетес