Зошто треба да се бакнуваме почесто

од Vladimir Zorba
95 прегледи

При секој бакнеж има размена на плунка и микроби меѓу партнерите. Поголемиот дел од бактериите во плунката се среќаваат кај сите нас, но околу 20% од нив се уникатни за поединецот.

Така бакнувањето доведува до формирање на антитела кои се борат со туѓите бактерии, слично на вакцинација.

Истражувачите дошле до заклучок дека кога бакнуваме некого, во организмот се синтетизираат окситоцин, ендорфини и допамин – хормони кои нè смируваат, оставаат пријатни чувства и зајакнување на врските.

Бакнежите носат и многу други бенефиции. Според јапонско истражување бакнувањето во период од 30 минути може да го одложи формирањето на хистамин – соединение кое се синтетизира од клетките како одговор на траума, како и при алергиски и воспалителни реакции. На овој начин се олеснува кивањето и течењето на носот.

Покрај тоа, бакнувањето обезбедува дополнително количество плунка, кое помага за неутрализирање на киселините кои предизвикуваат кариес. Плунката е многу важна за отстранување на остатоците од храна што го спречува натрупувањето на плак.

Тоа е убав начин и да согориме калории. Утврдено е дека бакнувањето во текот на една минута согорува 6 калории и активира околу 30 мускули на лицето. Се разбира, бакнежите не би можеле да ги отстранат љубовните рачки или да го обликуваат стомакот, но дефинитивно би се чувствувале помалку виновни дека сме го каснеле десертот по вечерата.

Покрај тоа, бакнувањето ги затега мускулите на лицето и ја подобрува циркулацијата во областа на лицето кое е од корист против стареење на кожата, помага и за мазнење.