Технологијата стана интегрален дел од нашето секојдневие и тоа нема да се промени. Таа нè поврзува со целиот свет, а социјалните мрежи се во основата на оваа врска. Многу често, сепак меѓу мнозината се забележува иритирачко однесување на социјалните мрежи, што дури може да нè компромитира …
Не поместување на погледот од телефонот или таблетот
Кога некој сака да ни покаже нешто што е интересно или значајно за него, или да пушти некоја песна, се очекува од нас да му обрнеме внимание, а не да останеме загледани во својот телефон. Тоа дури може да вознемири или навреди.
Ако немаме интерес или имаме итна работа со телефонот, подобро да споделиме.
Споделуваме секоја фаза на интимната врска
Социјалните мрежи оставаат погрешен впечаток дека сите пријатели и следбеници се заинтересирани што се случува во секој момент од нашиот живот. Фактот дека остануваат 67 дена до свадбата или дека славиме 3 месеци од почетокот на врската е информација која не возбудува мнозина. Дури и партнерот може да го задеваат заради оваа самоувереност.
Кога станува збор за слични лични прашања, колку помалку ги споделуваме во социјалните мрежи, толку подобро.
Слики на храна
Пред години луѓето се заблагодарувале за храната што ја имаат на трпеза, денес пред јадење ја фотографираме и споделуваме на Facebook. Следува и дискусија, а социјалните мрежи се претвораат во големо мени. Не е потребно да го доживуваме сето тоа. Можеме само да уживаме во храната.
Селфи во огледалото
Ништо не ja нагласува осаменоста така, како објавување на фотографија која сами сме си ja направиле во огледалото. Препорачливо е да се воздржуваме од слични публикации, а ако сакаме сепак да споделиме слика, подобро е да замолиме пријател да нè снима.