(ВИДЕО+ФОТО) Кина го зачуди светот со ново летечко чудовиште, најголем на земјината топка!

од desk2
104 прегледи

Кинескиот хидроплан AG600 кој нема еднаков во светот по големина, веќе ги помина тестови на моторите и се очекува да го направи својот прв лет во првата половина на оваа година. Ова го објави државната новинска агенција “Ксинхуа”.

Во последните години Пекинг развива исклучително активна програма во областа на авиони, која е дел од новиот пристап на кинеските власти за повеќе контрола на територијалните води во Јужното Кинеско Море. Истражувањето и развој на нова воена техника сепак сериозно загрижува како земјите од азиско-пацифичкиот регион, така и Вашингтон.

Кинеската корпорација за воздухопловна индустрија (AVIC) одвои речиси 8 години за AG600. Леталото е приближно со големина на Боинг 737 и официјално е наменето за вршење на морски спасувачки операции и битка со шумските пожари.

Досега интерес за мегахидроавионот побараа 17 клиенти, соопштува Ксинхуа без да даде дополнителни детали. Авионот може да лета на растојание до 4500 километри, а максималната маса при полетување е 53,5 тони.

Минатата година Пекинг веќе импресионират со премиерата на својот невидлив борбен “Ченгду J-20”. AVIC воведе и нов голем транспортен авион.