Редоследот на раѓање не може да послужи за разоткривање на тоа дали човек ќе биде среќен и успешен во животот, но сепак има разлика во однос на обликувањето на личноста.
Раните искуства ги поставуваат темелите на карактерот на секој човек, тврдат психолозите. Затоа редот по која сте родени може да влијае на начинот на кој ќе давате и примате љубов во текот на целиот свој живот.
Еве и повеќе на оваа тема:
Според експертите, најстарите деца во семејството се највредните, просперитетни, организирани и одговорни. Во исто време тие се и најмногу преиспитувани и тоа ги става во нееднаква позиција при едно партнерство – тие имаат тенденција да се грижат кон партнерот.
Средните деца по природа се миротворци и шампиони на тема компромиси. Понекогаш, сепак, тие лесно запаѓаат во заблуда, според мислењето на другите и се малку несигурни во однос на она што тие го сакаат од животот. Овие работи можат да им одиграат лоша услуга на романтичен план, особено ако дејствуваат плашливо и нерешително.
Најмалите деца се оние кои преземаат најмногу ризици. Тие се игриви, спонтани и пријатни за комуникација. Тие сепак исто чекаат другите да одлучуваат наместо нив и често се неодговорни и бурни партнери кога се во врска.
Единствените деца се навикнати да растат во центарот на вниманието. Тие обично се разумни, одговорни и сигурни. Но поради тоа што секогаш добивале внимание, тие можат да се однесуваат себично и да се премногу тешки во љубовта.