
Многу од нас имаат проблеми со акните или брчките и поради тоа често посегнуваат кон поскапи производи, кои се полни со штетни материи и хемикалии, а всушност не ни помагаат, дури во некои случаи и се влошуваат состојбата. Затоа е подобро да се обидете со некои природни производи, какви што се овие. На прилично едноставен начин и за неколку минути се подготвува крем кој ќе ги реши сите ваши проблеми со кожата.
Потребни состојки:
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка мед
1 лажичка мелено мушкатно оревче
1 лажица цимет во прав

подготовка
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса, а така добиениот крем нанесете на лицето и оставете да делува 10 минути. Внимавајте да не се стави на зона околу очите и устата за време на нанесувањето.
Ако се појави чувство на вкочанетост, додека кремот е на лицето, не грижете се, тоа само значи дека маската делува и тоа чувство на трнење наскоро ќе исчезне, а резултатите ќе видите наскоро после третманот. Кремот може да нанесувате еднаш до два пати неделно.