Внатре во партиите демократијата е една голема нула

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

 

Уште една последица од семоќните партиски шефови. Речиси ниту една партија во Хрватска нема силен претседател на партија во Загреб. СДП тука е исклучок, но тоа е последица од долгогодишното владеење на Милан Бандиќ во загрепската СДП. Некои велат дека тоа можеби е уште една оставнина од претходниот состав во кој една од клучните позиции беше таа на шефот на партиската организација во најголемиот град на државата. Иако, се чини дека сепак има повеќе врски со околностите во кои се развиваше хрватскиот повеќепартиски систем.

Дека во Хрватска е потребен некаков закон кој би вовел минимум демократија во партиите, веќе долго е видливо. Имено, еден од основните проблеми во хрватскиот партиски живот е фактот што претседателите на партиите имаат фараонски овластувања, со што се оневозможува дури и основно ниво на демократија во партиите. Кој го има печатот и правото на претставување на партијата, практично е непроменлив, што се гледа по досегашните настани во ХСС и во ХДССБ.

Уште една последица од семоќноста на партиските шефови. Речиси ниту една партија во Хрватска нема силен претседател на партија во Загреб. СДП тука е исклучок, но тоа е последица од долгогодишното владеење на Милан Бандиќ во загрепската СДП. Некои велат дека тоа можеби е уште една оставнина на претходниот систем во кој една од клучните позиции беше шеф на партиска организација во најголемиот град во државата. Иако се чини дека сепак има повеќе врска со околностите во кои се развиваше хрватскиот повеќепартиски систем.

Поради сето тоа двете големи партии се најдоа во проблем околу изборот на кандидат за загрепскиот градоначалник. Што се однесува до ХДЗ се чини дека никој не сака да биде кандидат, бидејќи секоја кандидатура се чини како чисто политичко самоубиство. Имено, до локалните избори има само уште три месеци и во толку кус период невозможно е квалитетно да се претстави на граѓаните. Секој кој сега би влегол во трката, би бил во невозможна мисија, посебно ако се има предвид фактот дека до сега веќе „се избрендираа” тројца кандидати, т.е. кандидатите Милан Бандиќ, Анка Мрак Тариташ и Сандра Шваљек.

Во многу подобра позиција не е ни СДП. Тука состојбата е многу интересна, бидејќи во овој момент Давор Бернардиќ истовремено е и претседател на СДП на државно ниво, но и шеф на загрепската организација на партијата. Статутот на партијата се чини не го предвидел овој случај па сосема е можно Бернардиќ и понатаму да ги задржи двете позиции. Бидејќи Загреб за секој претседател на партија исклучително е важен, па се чини потребно е на чело да постави или некој лојален или самиот себе.

Дури, се наведува и можноста Бернардиќ да може да биде и кандидат за градоначалник, но тоа сепак не е толку веројатно бидејќи со тоа би ризикувал непријатен пораз на самиот почеток на водење на партијата. Некој друг кандидат за сега не се ни појавил. За СДП би било многу непријатно на крај да немаат кандидат и да ги поддржат Шваљек, Мрак или Тариташ.

Поддршката за втората веќе долго ја бара ХНС бидејќи сметаат дека единствено таа има сериозни шанси да го победи Бандиќ, иако тоа не многу веројатно.

Се чини дека во овие две партии основниот проблем е стравот од тоа што би можело да се нарече Бандиќев синдром. Имено, Бандиќ од средината на 90-тите од загрепската СДП направи вистинска партија во партија. Такво нешто се чини дека Бандиќ не сака да си дозволи, а што се однесува до ХДЗ, тие таква пракса имаат уште од почетокот на 2000 година, кога беше распуштена последната организација на ХДЗ во Загреб, која не зависеше од хировите на партискиот врв.

Поради сето тоа, донесувањето на кровен закон кој би вовел минимални стандарди за декомратизација во политичките партии, е многу потребно. Иако и малку веројатно бидејќи се уште никогаш во Хрватска не се случило некој доброволно да се откаже од власта од која директно му зависи моќта како прв човек на партија.