Деми Ловато е меѓу американските ѕвезди кај кои има издигнувања и падови наизменично. Пет албума, учество во ТВ серии како “Бегство од затвор”, “Само Џордан” и “Вовед во анатомија”, ѕвезда на “Дизни” …
Ветувачката филмска кариера на младата дама сепак се вклучи во рикверц во 2010 година, кога таа беше хоспитализарана на психијатриска клиника. Таму таа ги лекуваше своите душевни и емоционални проблеми. Според податоците на странски изданија во минатото таа страдала од нарушувања во исхраната, самоповредување …
Тоа, сепак, веќе е во минатото и денес таа повторно е во подножјето на врвот.
И додека кариерата ѝ се препородува, не може да се пофали со истото во однос на своите имоти. Пред половина година Ловато купи одличен имот во станбениот кварт кањони Лорел. За трикатната градба таа платила 8,3 милиони долари. Сега сепак луксузната градба е под закана од лизгање на земјиштето.
Според податоците на TMZ куќата на поп пејачката и ексфилмсска ѕвезда е прогласена за опасна од локалната општина. Тоа значи дека на Деми ѝ е забрането да влегува внатре, бидејќи постои ризик за животот.
Тоа се вика иронија – да купиш куќа за милиони долари, а да не можеш да влезеш во неа …
Трикатнта куќа на 24-годишната Деми Ловато има 4 спални и 6 бањи. Покрај нив луксузниот имот нуди 3 дневни, друштвена соба со воден бар, кујна и трпезарија. Однадвор има чудесен базен и местаза одмор, со кои се открива убавината на локалниот релјеф.
Ентериерот на несреќното живеалиште е целосно под влијание на модерните стилски трендови. Во него ќе сретнете едноставни современи внатрешни решенија изградени сепак со скапи материјали.
Видете го неупотребливиот луксузен дом во галеријата.