Никој не може да му го прости на Фејсбук проблемот со вестите, ниту оние што ги објавуваат (како да се борат против лажните вести), ниту оние што ги читаат (како да се борат против лажните вести). Дополнителната критика (и паника) е дека Фејсбук стана една од двете најмоќни мрежи на планетава за дистрибуција на вести и информации.

Основачот на најголемата друштвена мрежа Марк Цукерберг, се „заколна“ дека ќе ги надмине најголемите недостатоци. Решението е во нешто што Цукерберг,го нарече глобална инфраструктура. Тој за „Building Global Community“ постави пет прашања на кои, Facebook ќе мора да даде одговор:
- Како да им помогнат на луѓето да креираат заедници кои нудат поддршка за корисниците?
- Како да креираат заедница која е безбедна?
- Како да помогнат во информирањето на своите корисници, а со тоа и на опшеството?
- Како да се изгради инклузивно општество, кое ќе ги рефлектира заедничките цели?
- Како да се креира социјално ангажирана заедница во целиот свет, кога помалку од половина од популацијата гласа на избори?
Поставните проблеми не се едноставни за надминување, но Цукерберг, има план како да го изведе ова. Еден дел од решението е вештачка интелигенцја; друг дел е поставување на повисоки стандарди; зголемена комуникација, нови алатки; па дури и гласање преку Facebook.
Најголемиот проблем на друштвената мрежа не се лажните вести, туку поларизацијaта и сензационализмот. Социјаните мрежи се одлично место за куси и агресивни одговори, кои се дел од проблемот, вели Цукерберг, Сензационализмот треба да се надмине со вештачката интелигенција. Алгоритми ќе го следат донесувањето на корисниците, и кога некоја вест ќе почне да се шири како сензационалистичка, алгоритмот ќе го намали ширењето.
„Ова често доведува до претерано поедноставување на проблеми кои се многу комплексни и не наведуваат да имаме едноставно мислење. Сметам дека е наша должност да се фокусираме добрите ефекти и да ги намалиме лошите. Да можеме да креираме заедница која ќе има основно разбирање.
Ако ве запознаам преку вредностите кои ни се заеднички или барем преку заедничките интереси, ќе биде многу полесно продуктивно да дебатираме за работи за кои не се согласуваме…“
Иако дискусијата помеѓу луѓе кои знаат дека имаат сличности ќе помогне во намалување на поларизираноста; останува важно да се дискутира со факти, а Facebook дополнително ќе поработи на ова. Социјаната мрежа имаше проблем со ширењето на лажни вести, но сега има напредок.
„Мора да бидеме внимателни, границата помеѓу сатирата, мислење и измама не е секогаш јасна.
Нашиот пристап ќе биде помалку на забрана на погрешните вести, а повеќе на објавување дополнителна перспектива и податоци, вклучувајќи и проверка на податоци кога некој ќе ја оспори вистинитоста“.
Иако до сега ставот на Цукерберг беше дека тој е скептичен околу улогата на Фејсбук во последните претседателски избори во САД, по се изгледа дека соред горе кажаното ,тој сериозно ги сфатил критиките па седна и на Фејсбук го објави токму тоа , пост од 5.800 збора “во кој ја дополнува мисијата на компанијата и покажува кон иднината. И звучи, искрено, како Зукерберг да сака да почне од ново”.
Глобалистичкиот завет Зукерберг го објави вчера, а по него следуваше медиумски десант, каде тој се појави на 4 интервјуа со новинари.Дебатата продолжува.
