Светскиот поредок е во неред. Светот се лизга кон значителни немири, без меѓународна структура, способна да се справи со видовите проблеми кои постои веројатност да изригнат речиси истовремено. Врзивниот интегрален дел од сето тоа хаосот меѓу големите сили би можел да генерира навистина катастрофални последици. Досега претседателот Трамп не успеал да формулира некакви значителни, релевантни соопштенија за статусот во светот. Наместо тоа, светот е оставен да толкува понекогаш неодговорни, некоординирани и неуки изјави од неговиот тим.
На самобендисаните луѓе кои си бараат важни позиции, не треба да им се дозволи да се создаде впечаток дека нивниот понекогаш поедноставен муабет со екстремистичка терминологија се претвора во национална политика. Последната непријатна ситуација во американската политика кон Кремљ, што заврши со оставката на Мајкл Флин како советник за национална безбедност, по само 24 дена на работа, зборува само по себе. Иако не го поддржуваме Трамп, тој е претседател на САД. Тој е нашиот претседател и ние сакаме тој да биде успешен. Токму сега тоа не изгледа на тој начин ниту за остатокот од светот, ниту пак за нас. Ранливиот свет има потреба од Америка, карактеристична со поголема јасност на мислата и лидерство што дава една идеја за оптимизам и напредок. “Да ја направиме Америка повторно голема” и “Америка на прво место” е многу добро кажано , како налепници на браникот, но надворешната политика на САД треба да биде повеќе од слоган на кампањата. Па би го советувале претседателот да одржи говор, кој претставува храбра изјава за неговата визија, вклучувајќи и неговата решеност да обезбеди лидерство на Америка во обид да се оформи постабилен свет.
Овој говор не треба да биде детален план за американската надворешна политика, туку да служи како многу потребно потсетување дека претседателот на САД забележливо активно се занимава и има смисла за историската насока. Она што ние имаме потреба да слушнеме од нашиот претседател, е зошто Америка е важна за светот и зошто светот има потреба од Америка.
Во исто време тој може да ја искористи можноста да посочи што очекуваат САД од светот. Може и да не се согласуваме со претседателот Трамп во однос на секојдневните одлуки, но го повикуваме да признае дека идеално долгорочно решение е такво во кое трите воено доминантни сили – САД, Кина и Русија – работат заедно за поддршка на глобалната стабилност.
Многу зависи од степенот до кој Америка и Кина можат да се вклучат во успешен дијалог. Ова ќе го отвори патот за посериозно, стратешко кинеско-американско разбирање. Тоа, од своја страна, може да создаде основа за трајно разбирање меѓу трите главни сили, бидејќи Русија ќе сфати дека ако таа не била вклучена во процесот на кинеско-американско приспособување нејзините интереси ќе бидат изложени на ризик. Америка не треба да заборави за опасноста дека Кина и Русија може да формираат стратешки сојуз. Поради оваа причина САД треба да внимаваат да не се делува кон Кина како кон потчинет: тоа речиси ќе обезбеди тесна врска помеѓу Кина и Русија.
Повеќе непосредно загрижувачки е проблемот, предизвикан од Северна Кореја, кој ќе бара зајакната соработка меѓу посилни соседи на Северна Кореја, вклучувајќи Кина и Јапонија (и потенцијално Русија), како и САД. Малку веројатно е со изолирани американските напори да им се помогне на Пјонгјанг во позитивна насока. Ако САД ги подобруваат односите со Русија, за тоа треба да се обнови потврда од двете страни дека посветеноста да го почитуваат законот е од централно значење за меѓународниот поредок. Површинска демонстрација на подобри односи не треба да е покритие за измама, маневрирање или насилство против послаби соседи.
Желбата на претседателот Трамп за конструктивно ангажирање со Русија е разумно, но треба да има рамка на прифатливо однесување кое, за жал, не постои во моментов. Русија се соочува со не-руски поранешни советски републики како Украина и Узбекистан, консолидирање на својата независност, додека економскатат пенетрација на Кина во Централна Азија исто така а намали улогата на Русија во овој регион. Влоговите за трите главни сили се високи, но такви се и потенцијалните придобивки – и тие го знаат. На краток рок Америка треба да се стреми кон специфичните регионални договори со партнери како Јапонија и Велика Британија, а овие односи ќе бидат од суштинско значење за управувањето со регионалните прашања. Во оваа врска чекори на администрацијата за потврда на посветеноста на Америка за заштитата на Јапонија и Јужна Кореја се охрабрувачки. Но како врзивна единица на НАТО, Америка треба да биде подготвена да ја брани Западна и Централна Европа. Од своето минато претседателот Трамп ја знае силата на бизнисот. САД треба да се даде јасно до знаење и за Русија дека секое воен упад во Европа, вклучувајќи и тактиката со “зелените мажиња”, набљудувана во почетокот на конфликтот во источниот дел на Украина, ќе навлечат кривична блокада на морскиот пристап на Русија кон Запад, што ќе влијае речиси две третини од целата руска трговија по море. Со оглед на исклучително сиромашните извршување на администрацијата на Трамп досега во наметнувањето на лидерство што ќе е во состојба да донесува стратешки одлуки, од клучно значење е Америка и светот да ја слушне визија за лидерство и посветеност од нашиот претседател. Доктрината Трамп, било доктрина повеќе или помалку, и е крајно неопходна.
… ……
Автор на коментарот во весникот “Њујорк тајмс” се Збигњев Бжежински, советник за национална безбедност на претседателот Џими Картер од 1977 до 1981 година, и управник на Центарот за стратешки и меѓународни студии и научникот Пол Васерман