Во Калифорнија е страшно, евакуираат илјадници луѓе (ФОТО )

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Евакуација во третиот најголем град во Калифорнија. Поради поројни дождови делови од Сан Хозе се поплавени. Повеќе од 1.000 домаќинства биле евакуирани, а во регионот е прогласена вонредна состојба.

Водата се збришани автомобили и приземјето на куќи.

Огромен број пожарникари и спасувачи со гумени чамци  ги евакуираат жителите, блокирани од надојдената река.

Калифорнија полека се опоравува од петгодишната суша, откако во последните месеци времето беше невообичаено дождливо. Синоптичарите предупредуваат дека следната бура ќе го зафати северниот дел на државата во текот на викендот.