„Вашингтон пост“: Демократијата умира во темнина

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

„Демократијата умира во темнина“ е новото мото на познатиот американски весник „Вашингтон пост“  и се наоѓа под името на весникот на насловната страница на онлајн изданието. 

Оваа парола меѓутоа не е објавена во печатената верзија на весникот.

Основачот на Амазон и генералниот директор Џеф Безос ја употреби ова фраза во едно минатогодишно интервју, одговарајќи на прашањето зошто ја купил оваа медиумска куќа во 2013 година.

– Многумина од нас веруваат дека демократијата умира во темнина, а некои институции имаат мошне важна улога во тоа да обезбедат светлина. Сметам дека „Вашингтон пост“ има важна улога во тоа, бидејќи сме сместени во престолнината на САД, додаде тој.