Повеќето жени тврдат дека додека мажите обилно се потaт во топли денови, кај нив потењето е значително помалo. Според истражувачите, сепак мажите и жените испуштаат еднакво количество пот.
Многумина сметаат дека жените остануваат суви, но всушност прашањето не е до количината одвоена пот, туку до големината на телото.
Австралиски специјалисти го истражувале протокот на крв во кожата и потењето меѓу 36 мажи и 24 жени кои се остваруваат при 28 степени Целзиусови и 36% влажност.
Станува јасно дека помалите мажи и жени почесто губат топлина преку зголемување на циркулацијата, отколку да губат пот.
Телото се лади на два основни начини – преку одделување на пот или преку зголемување на циркулацијата на крвта кон кожата.
Мажите се посклони да се потат повеќе по целото тело, но разликата во количеството одвоена пот кај двата пола е не повеќе од 5%.
Учесниците во студијата вршат физички вежби со лесен и умерен интензитет, додека се облечени со кратки панталонки и елеци за жените, пред да се измери нивото на потта.
Полот не влијае на количината одвоена пот, ниту на протокот на крв во текот на топлина, заклучуваат експертите во списанието Experimental Physiology.