
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
0 Берово, 3 Маврово, 4 Лазарополе, 5 Крушево, Скопје Петровец, 6 Кр. Паланка, 7 Гевгелија, Охрид, Претор, Пожаране, Ѓуриште, Скопје, Струмица, 8 Дебар, Куманово, 9 Битола, 10 Дојран, Прилеп, Виница, Тополчани, 12 Тетово, Штип, Д. Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Претор, Виница, 2 Пожаране, 4 Кр. Паланка, Охрид, 7 Дебар, 17 Лазарополе, 18 Маврово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна маса во земјава преовладуваше претежно облачно време а во северозападните делови со врнежи од дожд. Ведро беше само во Беровскиот регион. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринава се задржа претежно облачно време на повеќе места со врнежи од дожд, кои во северозападните делови се пообилни. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северните делови на Повардарието од северен правец кој повремено се засилува, и во Скопската котлина на моменти достигнува брзина до 50 км/час.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (над 25л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура за околу 7, а во северните делови и за 10 степени. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.
Скопје Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Највисоката температура ќе достигне до 10 степени.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно и посвежо,попладне со кратки сончеви периоди.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст.