Путин ја доби фризурата на Трамп

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Едно од најпопуларните политички списанија во Германија “Шпигел” го исцртува рускиот претседател Владимир Путин како копија на Трамп на последната корица.
Во очигледен обид да се истакнат врските меѓу Трамп и Русија, неделното издание објавува на насловната портрет фотографија на рускиот лидер, фотошопиран сосема како Трамп – од косата и веѓите до препознатливиот костум на милијардерот.

Ова не е прв пат, во кој “Шпигел” демонстрира опозициски ставови спрема Трамп. И минатиот месец Трамп беше на насловната на весникот. Тогаш американскиот претседател беше прикажан како држи повторно во едната рака окрвавен нож, а во другата – отсечена главата на Статуата на Слободата, додека на страната е испишана познатата фраза на Трамп “America First” ( “Америка е прва”).