Уапсен пејачот на One Direction поради тепачка со папарацо

од Vladimir Zorba
88 прегледи

На аеродромот во Лос Анџелес е уапсен пејачот Луис Томлинсон од популарната британско-ирска поп група One Direction. Тој беше уапсен по тепачка со фотограф кој се обидувал да прави слики без дозвола на музичарот, соопшти весникот ТМZ.

25-годишниот пејач пристигнал на аеродромот со својата девојка. Таму некој маж почнал да прави слики на дојката. Томлинсон му скокнал, го удрил, од што мажот паднал и си ја удрил главата.

Музичарот беше уапсен за нанесување на повреди и беше однесен во полициската станица. Подоцна беше пуштен, но ќе биде изведен пред судот на крајот на месецот. Претставници на ѕвездата коментираа дека пејачот сакал да ја заштити својата девојка.

“Папарацото ја испровоцира тепачката меѓу него и Луис. Додека траеше тепачката, уште тројца ја нападнаа соптничката на Луис и тој мораше да ја заштити “, се вели во нивна изјава.

Групата One Direction, основана во 2010 година, е една од највисокоплатените во светот.