Тешко е да се запамети каков бил животот пред да имаме интернет, смартфони во нашите џебови и по еден лаптоп на секое биро. Денес нашите мозоци се натпреваруваат за да се прилагодат на дигиталната ера.
Когнитивните невролози велат дека сето ова време, кое сега го поминуваме пред екранот, го сменило начинот на кој читаме и разбираме. Сурфањето на интернет ни го намали како вниманието, така и трпението, соопшти списанието The Week.
Во една неодамнешна студија истражувачите поставија на луѓе серија од неважни задачи. На половина од групата им било дозволено да користат Google, а на другата половина – не. Потоа, во втората половина на истражувањето, сите учесници добиле нов круг од лесни прашања и им било кажано дека може да одлучат дали да користат Google, за да одговорат на нив.
Звучи прилично стандардно, нели? Но, оние кои се користеле Интернет во првиот круг, навистина се обиделе да одговорат на сите прашања во вториот круг, потпирајќи се единствено на сопствените знаења и спомени. Една третина од нив дури и не се обиделе, туку веднаш се приклучиле на Google.
“Претходно може и да се обидувавме да се потсетиме на нешто сами, сега не се срамиме”, вели д-р Бенџамин Бура. “Бидејќи преку паметните телефони и други уреди станува достапни повеќе информации, ние стануваме сè повеќе зависни од нив во секојдневниот живот.”
Се разбира, интернетот има направено многу добро за светот. Но, имајќи ги предвид овие откритија, вреди да се истакнат некои од поновите нарушувања, за кои експертите ја обвинуваат нашата дигитална манија:
1.Номофобија
Некои луѓе се плашат од пајаци. Други од висина. Или пак доживуваат неоснован страв од кловнови. Списокот со фобии е долг, но научниците придадоа уште една: во 2012 година светот дозна дека постои “номофобија” ( “No-Mobile Phobia”) – паника од лишување на човек од неговиот мобилен телефон или таблет.
Студија во Велика Британија покажа дека 73% од испитаниците чувствуваат паника кога немаат мобилен телефон. Други 14% дополнуваат дека паниката прераснува во целосен очај. Бидејќи оваа фобија е нова, уште не може да се каже со сигурност дали таа е штетна или не за здравјето на долг рок.
2.Техноференција
Дигиталната зависност можеби ни предизвикува многу повеќе отколку паника. Таа, исто така може да игра улога во нашите врски. Студија од 2014 година откри дека повеќе од 143-та учесници во експериментот велат дека техничките уреди го разрушуваат нивното слободно време, прекинуваат разговори, како и исхрана и други значајни активности. Истражувачите им дале на овие прекини име – “техноференција”.
Таа има врска со односите на човекот и задоволството од животот. Но, работите може да се и полоши – друго истражување открива дека смартфоните го пробиваат својот пат во нашиот сексуален живот. 40% од испитаниците рекле дека би одложиле сексуален чин, за да си уживаат со телефонот. Некои пак ќе го забрзаат телесното задоволство, за да стигнат побрзо до телефонот.
3. Фантомско ѕвонење
Речникот ни е полн со нови зборови поради апсолутното присуство на нашите разѕвонети и развибрирани смартфони. Психологот Дејвид Ларами од Лос Анџелес ја проучувал појавата поврзана со тоа. Излегува дека од 320 сопственици на мобилни телефони кои биле анкетирани, две третини рекле дека чувствуваат фантомско ѕвонење. Односно тие “слушаат” телефон да ѕвони, а всушност апаратот тоа не го прави.
4.Киберохондрија
Хипохондријата не е нова болест, но интернет го издигна на следното ниво. Најобемната дефиниција, киберохондрија, се однесува на луѓе кои ги испитуваат и дијагностицираат на интернет своите болести. Веројатно сите сме го правеле тоа – една третина од Американците велат дека користеле интернет, за да си постават сами дијагнози.
Но, за некои луѓе, кои можеби се повеќе склони кон хипохондрија, ова може да биде катастрофално. Тие стануваат невротични, влегуваат подлабоко во Google, за да читаат френетично за секоја страшна болест која одговара на нивните симптоми.
5. Халуцинации на Шоуто на Труман
Дали некогаш сте доживеале чувство дека некој тајно ве гледа? Во филмот од 1998 година “Шоуто на Труман” Труман Бурбенк истото го искушувал, само кај него се покажало дека е точно. Иако филмот бил замислен како црна комедија, воопшто не е смешно за оние кои страдаат од халуцинации на Шоуто на Труман, лажното чувство дека нивниот живот се емитува и шири.
За прв пат синдромот е идентификуван во 2003 година од психијатарот Џоел Голд од медицинскиот факултет на Њујоршкиот универзитет. Иако не е директно предизвикан од нашите дигитални уреди, халуцинациите на Шоуто на Труман е производ на нашите премногу поврзани, опседнати од реалната телевизија, и напојувани со социјалните медиуми начини на живот, кои ги негуваат нашите нарцистички квалитети.
“Промените во технологијата се причина за менување на текот на годините на содржината на заблудите”, напиша Колин Лечер во “Популар сајанс”. “Во 1940-те години Јапонците ги контролираа американските умови со радио бранови; во 50-тите Русите го постигнаа тоа со сателити; во 70-тите ЦИА имплантира компјутерски чипови во мозоците на луѓето.
А, што ги подгрева заблудите денес?