Научниците од НАСА со храбар проект како да се заштити Марс од радијација: Создаваат вештачко магнетно поле

од desk2
85 прегледи

Научниците од НАСА ја испитуваат можноста за создавање на вештачко магнетно поле на Марс. Целта на штитот е да се брани Црвената планета од катастрофалната сончева радијација. Така планетата ќе може со текот на времето даго врати својот атмосферски слој.

Се верува дека пред милијарди години Марс имал свое магнетно поле и атмосфера. По неговото исчезнување силните сончеви ветрови буквално го однеле атмосферски слој. Враќањето на атмосферата на Марс ќе овозможи затоплување на планетата во просек најмалку 4 степени Целзиусови, што ќе го активира топењето на јаглеродниот диоксид.

Ова, за возврат ќе предизвика ефект на стаклена градина, сличен на оној на Земјата. “Ќе се обидеме да трансформираме Марс на природен начин”, го објаснува концептот Џим Грин од НАСА и додава дека во оваа фаза создавањето на планетарното магнетно поле е повеќе хипотетички.