МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-2 Берово, 1 Кр. Паланка, Струмица, 2 Крушево, Маврово, Лазарополе, 4 Скопје Петровец, Пожаране, Тополчани, Гевгелија, Ѓуриште, Прилеп, 5 Виница, Битола, Претор, 6 Штип, Куманово, Д. Капија, 7 Дебар, Скопје-З.Рид, Охрид, Тетово, 8 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Струмица, Виница, Охрид, Берово, Тетово, Гевгелија, Куманово, Д. Капија, 2 Кр. Паланка, Битола, Пожаране, Дебар, 4 Дојран, Маврово, 7 Лазарополе.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Во текот на ноќта во Полошкиот регион имаше слаби врнежи од дожд.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог.. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 10 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови поради што ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Утре повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.