Во последниве години речиси секоја наша омилена храна се покажа опасна за нашето здравје. За жал, ова важи и ако не претерувате со неа и ова тврдење не е далеку од вистината. Виновник за претворањето на кулинарските задоволства во опасни за здравјето се ГМО производите кои се користат при производството на храната. Иста е состојбата и со чоколадата. Иако генерално таа е корисна за нашето здравје, заради опасниот соја лецитин (Е322) кој се користи при производството на чоколадата , таа има исклучително опасно влијание врз нашиот мозокот и тироидна железа.

Соја лецитинот е остаток што се добива при производството на масло од соја и брашно. На глобално ниво дури 85 проценти од сојата на пазарот е ГМО производ. Сојата е сиромашна со протеини, а поради штетните состојки во неприродиот производ се инхибираат протеините. Така честата конзумација на ГМО соја води до дефицит на протеини во организмот.
Тоа од своја страна доведува до неспособност на нашето тело да ги апсорбира аминокиселините – исклучително неопходни за функционирањето на мозокот. Истражувањата што ги извршиле научници од Хавајскиот универзитет утврдиле дека во соја лецитинот содржи изофлавони коишто буквално ја нарушуваат функцијата на тироидната железа.
Тоа според експертите е и причината за се почестите автоимуни болести меѓу тинејџерите. Истражувањата на категоричен начин покажаа дека децата кои се хранат како мали со млеко од соја, најчесто развиваат дијабетес, дури и да нема слични случаи во нивните семејства.
Британскиот департментот за здравство предупредува дека изофлавони во сојата се опасни за децата и бремените жени. Американски и англиски научници конечно открија дека изофлавони те во сојата влијаат на менопаузата и му пречат на организмот да апсорбира важни минерали како магнезиум, кадмиум, железо и цинк.
Уште пострашна е констатацијата на Хавајскиот универзитет дека соја лецитинот буквално го суши мозокот и доведува до малоумност. Ова се должи на содржаните во него фитоeстрогени кои ја намалуваат активноста на мозочната кора. Многу земји веќе ја забранија потрошувачката на соја лецитин за деца и за бремени жени.
Поради овие причини многу експерти советуваат да го читаме внимателно пакувањето на чоколадата којашто ја купуваме, и да избегнуваме таквите производи кои содржат соја лецитин или Е322.