Џорџ Мајкл почина во својот дом на 25 декември 2016 година

Британскиот поп пејач Џорџ Мајкл, кој беше пронајден мртов во својот дом на Божиќ, починал од природна смрт, објавија истражители. Според заклучокот на обдукцијата причина за смртта е “дилатативна кардиомиопатија со миокардитис и хепатална стеатоза”, соопшти Дарен Салтр, истражувач од Оксфордшир.
“Бидејќи се потврдени природните причини за смртта … истрагата завршува и нема потреба од сознание или какви и да било понатамошни испрашување”, рече тој. Првичниот поглед на телото на 53-годишниот пејач заврши со “неубедливи” докази за причината за смртта и беа потребни дополнителни тестови. Дилатативната кардиомиопатија, која може да биде предизвикана од злоупотреба на лекови, се одразува на способноста на срцето да пумпа крв, бидејќи мускулот станува премногу проширен и ослабен. Миокардитис пак е воспаление на срцевиот ѕид. Партнерот на Мајкл Фадил Фаваз, изјави дека открил ѕвездата да “лежи мирно” во својот кревет во својата вила крај р. Темза.
Откако се завршени сите истражувања на телото, музичарот сега може да биде погребан, три месеци по неговата смрт. / АФП