Сега во Франција има човек кој, се чини, може да оди по водата.
Името на овој феномен е Емануел Макрон. 39-годишниот поранешен банкар и министер стана нова ѕвезда во Париз – и во исто време последна надеж за Европа. Според анкетите на јавното мислење по девет недели на Макрон ќе му се падне историска улога: да ја заштити ЕУ од неговиот најопасниот непријател. Колку Марин Ле Пен, популист и националист, се стреми да победи на претседателските избори на 7 мај, а потоа – како што таа вели – да ја разбие интегрираната Европа, вклучувајќи еврото и Erasmus. Во таков случај Frexit ќе стане крајот на Европа.
Макрон, француски Европеец и граѓанин на светот, чувствува одговорност. Тој се спротивставува на националното отпадништво на Ле Пен и ветувања нов почеток во иднината. Неговиот социјален либерализам ги преминува границите, за кои дури не е смее и да мисли неговиот ментор Франсоа Оланд. Макрон има намера да наметне на пазарите политика која се базира на скандинавскиот модел. Но, пред сè, силата на Макрон е последица од слабоста на речиси сите негови противници. Со своите грешки тие му создадоа потпора која му овозможува, фигуративно, да оди по водата на Сена. 
Власта на социјалистите сега отиде во втор план. Нивниот алтернативен лев кандидат Беноа Амон ја води Социјалистичката партија кон распаѓање, токму како што тоа го направи Џереми Корбин со британската Лабуристичка партија. Потоа со саморазрушување се зафати Франсоа Фијон, кандидат на десницата. Случајот за големи плаќања со државни средства на жена си и децата му ја запуши можноста за неговиот избор.
Фијон сеуште е кандидат, бидејќи други се завојуваните “кумови” на партијата – поранешниот премиер Ален Жупе и поранешниот претседател Никола Саркози кои не можат да се разберат за замена. Фијон веќе ја загуби шансата да стане претседател. На сите им е јасно дека тоа засега не го разбира само тој самиот.
Рејтингот на Марин Ле Пен расте со секој скандал
Останува Марин Ле Пен. Иако лидерот на Националниот фронт исто е вмешана во скандал. Пред една година Ле Пен објавува на Твитер одвратни слики на терористи од “Исламска држава” (ИД). Слична суровост за неа е изјавената желба за власт. Тоа дека Европарламентот ја лиши од имунитет, не ја возбудува Ле Пен. Напротив, таа директно триумфира кога “системот”, односно правната држава, извршуваат врз неа . Како што покажуваат обвинувањата за фиктивни работа на соработници на Европарламентот, таа, се чини знае како мудро да го користи “системот”, со кој се бори. Таа го користи секоја нов налогот за појавување во судот за да се преправа на Јованка Орлеанка, бранителка на обесправените. Нејзините приврзаници сметаат ова со гонењето е наместено .Нејзиниот рејтинг не паѓаат, туку дури расте. Иднината на Европа ќе се одлучи по 65 дена. На Франција не и е потребно чудо, атуку “само” доволно количество демократија. Во спротивно целиот континент е загрозен од француска рулет.
———-
Кристијан Вернике, “Зидојче цајтунг”.