2 Маврово, Крушево, 3 Лазарополе, 4 Берово, 6 Виница, Охрид, 8 Штип, Тетово, Скопје..

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

2 Маврово, Крушево, 3 Лазарополе, 4 Тополчани, Претор, Берово, 5 Ѓуриште, Пожаране, 6 Виница, Охрид, Кр. Паланка, Прилеп, 7 Битола, Куманово, 8 Штип, Тетово, Скопје, Струмица, 9 Дојран, Д. Капија, 10 Гевгелија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

1 Прилеп, Кр. Паланка, 2 Охрид, Куманово, Пожаране, 3 Битола, Штип, Претор, 4 Скопје, Крушево, Берово, Тетово, 5 Гевгелија, Лазарополе, 6 Маврово, 7 Ѓуриште, 8 Струмица, 9 Д. Капија, 11 Дојран.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Облачно на повеќе места со врнежи од дожд. Почесто дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните и јужните делови, понекаде до изутрина може да наврнат и околу 30л/м2. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец поизразен на северот. Температурата во интервал од 8 до 12 степени.
Во Скопје исто така облачно со врнежи од дожд почести наутро и во попладневните часови. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе достигне до 11 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Денес повеќе врнежи ќе има во јужните и западните делови, каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Помалку врнежи ќе има во четврток и петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер. За време на викендот ќе биде суво и постудено наутро.