Бен Афлек и Џенифер Гарнер ќе дадат втора шанса на бракот

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Речиси 2 години по разделбата Бен Афлек и Џенифер Гарнер одлучија да го одложат разводот и да дадат уште една шанса на брачните односи, соопштува списанието “Пипл”. Двајцата се во брак веќе 12 години и имаат три деца. Малку по 10-годишнината сепак, омилениот пар на Холивуд објави дека става крај на врската, откако стана јасно дека Афлек имал афера со дадилката на децата.

Досега поделените сопрузи одбиваа да ја прифатат можноста за собирање, иако папараците често ги детектираа заедно на јавни места – пред гласачките кутии, на одмор, лежерни прошетки или во романтични ресторани. Очигледно нивните редовни средби ја вратиле љубовта во нивните односи.