Пред три месеци беше откриен резултатот од иновативното истражување “Експериментот Facebook”. Во декември група авторитетни научници излегоа со став дека социјалните мрежи нè прават три пати повеќе депресивни. Пред неколку дена овие податоци беа потврдени и од уште еден извор.
“Сајтови, кои се создадени за да ги здружуваат луѓето, изгледа ги прават несреќни”, пишува американскиот “Журнал на превентивната медицина”. Весникот ја цитира новата студија на Питсбургскиот универзитет во САД, кој е на исто мислење со научниците кои го спровеле предниот експеримент.
Истражувањето покажува дека најактивните корисници на интернет просторот се чувствуваат три пати поизолирани од оние кои речиси не ги користат социјалните мрежи.
“Ова откритие нè потсетува дека виртуелната комуникација сосема не е лек за осамените луѓе”, вели авторот на студијата проф. Д-р Брајан Пимак. Според него луѓето кои ги користат социјалните мрежи, се најизолираните од сите.
Истражувањето на проф. Д-р Брајан Пимак е првото што проучува т.н. социјална изолација како последица од употреба на виртуелните социјални катчиња. Во него учествуваат 1 800 лица во возраст 18-32 години. Сите тие се пополниле онлајн прашалник за надомест од 15 долари.
Истражувачите барале информации за тоа колку изолирани се чувствувале луѓето и колку често ги користат Facebook, Twitter, Google Plus, YouTube, LinkedIn, Instagram, Pinterest, Tumblr, Vine, Snapchat и Reddit.
Анализата на добиените податоци покажува дека луѓето кои ги посетуваат наведените сајтови дури и неколку пати неделно, се со поголема веројатност да кажат дека се чувствуваат изолирани и / или осамени.
“Оние кои најмалку ги користат социјалните мрежи и медиуми, исто така се чувствуваат изолирани. Најпроблематична сепак е ситуацијата со редовните корисници “, вели проф. д-р Пимак. – “Кај нив се зборува за три пати поголема социјална изолација”.
Најмалку употребуваат виртуелни содржина оние корисници кои се онлајн за 9 или помалку минути неделно. Најактивните корисници поминуваат по 9 часа неделно, тврдат истражувачите.
Просечниот корисник поминува на ден по 61 минута во социјалните мрежи и медиуми. Но оние кои се на линија 121 минута дневно, доживуваат депресивни чувства три пати повеќе во однос на другите, кои поминуваат во мрежата под 30 минути.
Според податоците на “Експериментот Facebook” редовните корисници се чувствуваат за едно ниво повеќе несреќни од другите. Фејсбукарите се осамени, речиси 3 пати поагресивни и малку загрижени.