ДУИ отфрла предлози на Заев, а ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Откажи се од Албанската платформа

од desk2
93 прегледи

Веднаш по прес конференцијата на претседателот на СДСМ, со реакции секоја од свој агол, се огласија другите политички партии информира ТВ21.

Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ изрази уверување дека Заев со деталите што ги изнесе покажа подготвеност да стори се за да се спроведе платформата од Тирана, како што ја нарече.

При тоа му порача на Заев да ја отфрли платформата и да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада или да се оди на нови парламентарни избори.

Најголемата албанска партија во Македонија не се согласува со деловите од владина програма на СДСМ во кои се исклучува употребата на албанскиот јазик на монетите и униформата на полицијата и армијата. Портпаролот Бујар Османи, за Радио Слободна Европа изјави:

“Сметаме дека се е во рамките на уставот, така како што се користат пасошите на два јазика на цела територија на Македонија но и надвор од нашата држава. Веќе со децении ја имаме оваа пракса“, соопшти Бујар Османи – ДУИ.

Независно од поканата што Заев им ја упати,  од Движењето Беса очекуваат конкретна понуда за заедничка влада:
„Движењето Беса нема добиено понуда за влез во влада. Се е прашање на преговори меѓу политичките субјекти. За секоја одлука или средба на Движењето Беса, јавноста ќе биде информирана“, изјави Фатон Фазлиу – движење БЕСА.

Од Движењето за Реформи – ДПА велат дека владината програма треба да ги содржи елементите од платформата на албанските партии.

Целиот текст можете да го прочитате тука