-5 Крушево, -4 Маврово, Лазарополе, -1 Претор, Тетово, 0 Берово…

од Vladimir Zorba
69 прегледи

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

1 Тополчани, 2 Дебар, Претор, 3 Охрид, 6 Маврово, 9 Лазарополе, 11 Крушево.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-5 Крушево, -4 Маврово, Лазарополе, -1 Претор, Тетово, Пожаране, Тополчани, Ѓуриште, 0 Берово, Прилеп, Охрид, Дебар, Кр. Паланка, 1 Куманово, 2 Штип, Виница, Струмица, 3 Скопје Петровец, Скопје Зајчев Рид , 4 Д. Капија, Дојран, 6 Гевгелија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

0 Пожаране, Штип, Скопје, Гевгелија, Д. Капија, Виница, Струмица, Тетово, Ѓуриште, 1 Тополчани, 2 Маврово, Прилеп, Берово, Претор, 4 Кр. Паланка, 5 Лазарополе, 6 Крушево, 8 Охрид, Дебар.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта и утринава под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во поголемиот дел од земјава предизвика облачно време, во западните и северните делови со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежи од снег имаше и во места со 800 метри надморска висина и е формирана помала снежна покривка. Утринава во југоисточните делови е умерено облачно со сончеви периоди. Дува умерен ветер од северен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 13 степени.

Скопје Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 10 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. И утре ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе се движат во интервалот од -3 до 4, а дневните од 7 до 15 степени.