Ед Шииран изненадувачки беше прогласен како ново засилување во тимот од актерите на Игра на престоли!
Пејачот ќе биде гостин-актер во долгоочекуваната седма сезона на серијата, кој се очекува да започне по неколку месеци.
Креаторите на фантастичниот серијал Игра на престоли – Ди Би Вајс и Дејвид Бенјоф, ги открија новите лица на серијата за време на официјалниот настан, предводен од актерките Мејси Вилијамс и Софи Тарнер.
“Со години се обидуваме да го добиееме Ед Шииран во серијата, за да ја изненадиме Мејси и оваа година конечно успеавме!”, Рече Бениоф.
Се уште не е јасно каква ќе биде улогата на Ед и во која епизода од новата сезона ќе дебитира.