Ердоган со нов напад
Турскиот претседател Реџеп Ердоган тргна во нов напад кон Холандија покрај последните дипломатски спорови меѓу властите во двете земји.
“Познато е однесувањето на Холандија, а особено во морално и цивилизациски однос , ја знаеме нејзината улога во извршувањето на геноцидот во Сребреница”, рече Ердоган.
Локално.мк потсетува дека силите на босанските Срби, предводени од генерал Ратко Младиќ, во почетокот на месец јули 1995-та година извршија масакар во заштитената енклава Сребреница. За неколку часови беа убиени над 8.000 лица. Енклавата беше заштитина територија од холандскиот контингент на УНПРОФОР во Босна и Херцеговина.