Живееме во свет во кој жените сè уште се недоволно застапени во изборната политика, што значи дека треба да се бориме двапати повеќе за да бидат слушнати нашите гласови.

Според Обединетите Нации, само 22 отсто од пратениците во светот се жени. До август 2016 година, 21 жена била шеф на држава или премиерка, а од јануари 2015 година, само 17 отсто од министрите во владите се жени.
Сепак, кога станува збор за политичките движења, жените се таму, правејќи сè да бидат слушнати. Од американските жени кои во Вашингтон ги преплавија уллиците протестирајќи против полициската бруталност кон пакистанските жени, до протестите против угнетувачки острите мерки на безбедност, овие жени се сила на која може да се смета.
Во чест на Меѓународниот ден на жената на 8 Март, ви прикажуваме емоционални и моќни фотографии од жени што се организираа и протестираа низ целиот свет во изминатите 25 години. Ова се 60 фотографии кои покажуваат колку моќна и способна може да биде жената со став.
1. Турција 2015

За време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата на плоштадот Таксим во Истанбул, на антивладините протести се покажуваше знакот за победа. На 22 јуни, 2013 година, турската полиција употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои одново се собраа на истанбулскиот плоштад Таксим, барајќи оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган.
2. Франција 2015

Полицајците држат топлес- активистка на Фемен откако таа скокна кон предниот дел на автомобилот во кој беше поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан, при неговото пристигнување на судењето во Лил, северна Франција, на 10 февруари, 2015 година. Три топлес жени од протестната група Фемен скокнаа на автомобилот на Строс-Кан кога пристигна да сведочи на суд за „обид за подведување“. Со пароли испишани на нивните полуголи тела и извикувајќи навреди, трите демонстрантки беа брзо блокирани од полицијата.
3. Македонија 2015

На 1 декември 2015 година, во близина на Гевгелија мигрантите протестираа зад оградата против забраната за премин на грчко-македонската граница. Тогаш Македонија им дозволи преминување кон северниот дел на Европа само на Сиријците, Ирачаните и Авганистанците кои се сметаат за воени бегалци. Сите други националности се сметаат економски мигранти и им беше речено да се вратат назад. На 29 ноември, Македонија ја заврши изградбата на оградата на својата граница со Грција и стана последната во редот земји во Европа, што со препрека на границата го контролира протокот на емигранти.
4. Индија, 2007

Жените од Кашмир извикуваат анти-индиски слогани на протестот против апсењето на една девојка од страна на паравоените единици за време на рацијата во Малура на периферијата од Сринагар. На 9 август 2007 година паравојниците употребија солзавец за да ги растераат стотиците лути демонстранти што протестираа против апсењето.
5. САД, 2014

Жена на устата има слоган „Правда за сите“, на маршот на 13 декември, 2014 година во Вашингтон. Илјадници луѓе дојдоа во Вашингтон за да бараат правда за Афроамериканецот кој умре во рацете на белата полиција.
6. Франција, 2015

Топлес активистки на Фемен изведуваат нацистички поздрав, а на балконот каде што стојат се поставени знамиња на кои пишува „Хајл Ле Пен“, како знак на протест против политичката партија на екстремната десница „Национален фронт“ (ФН). Протестот е за време на митингот на ФН, во чест на Јованка Орлеанка, кој се одржува под овој балкон, на 1 мај 2015 година, во Париз.
7. Хондурас, 2009

Поддржувачите на соборениот претседател на Хондурас, Мануел Зелаја, маршираат во знак на протест против воениот удар, во Тегусигалпа на 2 јули, 2009 година. Водачите на државниот удар во Хондурас се заканија дека соборениот претседател Мануел Зелаја „никогаш нема да се врати на власт“ и покрај зголемениот меѓународен притисок и ултиматумот од САД.
…
повеќе фотографии погледнете тука