
Сите со нетрпение ја очекуваа средбата меѓу Меркел и Доналд Трамп. Го коментираа и неговото одбивање да се ракува со неа, но всушност една друга фотографија од посетата на германската канцеларка во САД, по неколку часови стана светска сензација. Корисниците на социјалните мрежи се шегуваа со кадарота, кој многу точно го оценија како моментално расположение на Меркел, која седнала до Иванка Трамп за време на дискусијата на тркалезна маса.


Тие обрнуваат внимание на погледот кој Ангела Меркел го фрла кон ќерката на Трамп, пишува Mashable.
“Во рамките на дискусиите на тркалезна маса меѓу германските и американски бизнис – лидери ѕвездата од реално шоу, бизнисменка и продавачка на накит седеше до канцеларката на Германија, која има степен на научник по хемија и која слободно зборува руски.
„На Twitter доволно брзо се најде заедничка тема за сликата, која се појави по средбата “, пишува дописникот на весникот Тим Честер.
Тој смета дека Меркел очигледно мисли дека на Иванка не и е местото на ваков настан и очигледно многу други корисници на социјалните мрежи се солидаризираа со него.
“Веќе знаеме како гледа Меркел, кога сака да те праша:” Ти што правиш овде “, се шегуваа се тие. Самата Иванка на Twitter напиша дека неа и била голема чест да се приклучи на слична манифестација.

Пред еден месец Mashable обрна внимание на друга средба во Белата куќа, на која повторно присуствуваше ќерката на американскиот претседател. Тогаш на средба со нејзиниот татко пристигна канадскиот претседател Џастин Трудо. На социјалните мрежи не остана незабележан начинот на кој Иванка го гледаше.

„Гледа како да е подготвена да стави сè на карта “, коментираа корисници.