Се одбележи Денот на шумите

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 Со засадување околу три илјади садници, ЈП „Македонски шуми“ и учениците од основните училишта од општина Демир Капија денеска на пладне ќе го одбележат меѓународниот празник „Ден на шумите 2017“.

Обединетите Нации и членките на ФАО – Организацијата за храна и земјоделство одлучија да го прогласат 21 Март за Меѓународен ден на шумите. Празникот секоја година се прославува низ светот со пригодни активности на пошумување и дебати за улогата на шумите во животот на луѓето на Земјата.