Повеќе од 10 000 златни и сребрени артефакти, вклучувајќи монети и накит, беа извадени од дното на реката во кинеската провинција Сечуан, соопштија кинеските медиуми, цитирани од fakti.bg. Археолозите тврдат дека богатството е старо повеќе од 300 години и се однесуваат на времето на династијата Минг (1368-1644 година).

Меѓу пронајдоците, има и оружје – мечеви, ножеви, копја. Се претпоставува дека богатството потонало на дното на реката Минцјан во 1646 година, кога биле испратени војници да го изгаснат востанието, организирано од локалниот владетел Џанг Сјанчџун.
Се проценува дека за време на борбите потонале околу 1000 чамци со кои Бунтовничкиот лидер решил да го пресели богатството на безбедно место. “Предметите се исклучително вредни за науката, историјата и уметноста. Тие имаат големо значење за истражувањето на политичкиот, економскиот и социјалниот живот за време на династијата Минг “, објаснува пред кинеската новинска агенција Ксинхуа, еден од археолозите, кој работи за Пекинг Универзитетот. Археолозите се сопна на откритието на 50 километри јужно од градот Ченгду. Археолозите работат на местото од јануари и очекуваат да извадат речиси се, верјатно до април.