МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
2 Берово, 3 Маврово, 4 Скопје Петровец, Лазарополе, Струмица, Битола, 5 Тетово, Претор, Кр. Паланка, 6 Гевгелија, Прилеп, Охрид, 7 Штип, Дебар, Куманово, Д. Капија, 8 Скопје, Крушево, Дојран, 9 Пожаране, Ѓуриште, Тополчани, Виница.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта и изутринава во поголемиот дел од земјава преовладуваше ведро, тивко и релативно топло време со слаб јужен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во западните делови на земјава ќе има зголемување на облачноста.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 18 до 25 степени.
Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време за овој период од годината. За викендот и во почетокот на наредната недела се очекува промена на временската состојба. Од северозапад се очекува да наиде релативно влажен и нестабилен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух. Ке има зголемена облачност врнежи од дожд а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.