МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
2 Берово, 3 Лазарополе, 4 Скопје Петровец, Битола, Кр. Паланка, 5 Тетово, Претор, 6 Штип, Струмица, Д. Капија, Охрид, Прилеп, Дебар, 7 Куманово, Гевгелија, Скопје, Маврово, 8 Виница, Крушево, 9 Дојран, Пожаране, 10 Ѓуриште, Тополчани.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
4 Крушево.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Ведро и сончево. Во северните делови имаше почест слаб југозападен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно време од пладневните часови со повремени врнежи од дожд со услови за ретки грмежи, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе реминува во постуден северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 23 °С.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Најпрвин же дува претежно западен ветер а потоа ветерот ќе засилува и ќе премине во северен. Температурата до 21 °С.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Денес ќе преовладува променливо облачно време од пладневните часови со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Преку денот ќе дува и умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер кој кон вечерните ќасови ќе преминува во постуден северен ветер кој ќе се задржи и преку ноќта. Од понеделник температурите позначително ќе опаднат, ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во југозападните и јужните делови, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе бидат во постепен пораст.